Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во североисточните и источните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец
Тетовската полиција вчера казни осум лица кои возеле електрични тротинети на несоодветни места по улици наместо на тротоари и обележани патеки. Поради ваквите зачестени примери СВР Тетово апелира до населението да се придружува до законските обврски.
Педесет и тројца граѓани на општина Неготино добија субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, информираше денеска неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов.
Протест поради одземениот сообраќаен пристап до нивите по изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани денеска организираа сопственици на земјоделско земјиште во атарот на кочанските села Тркање и Бања.
Последните врнежи го задржаа доброто ниво на вода во сите акумулации во Струмичко. Во нив има доволно количина вода за пиење и наводнување, а површините од околу 2 илјади хектари се наводнуваат континуирано
На територијата на општина Штип денеска се спроведува авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Запрашувањето се спроведува во периодот од 5 до 07:30 часот наутро
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
На патот ГП „Блаце“ – Скопје, на потегот каде се во тек градежни работи, од утре се воведува дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Со вкупна инвестиција од 5,5 милиони денари, поставен е нов асфалт на улицата и на паркингот, нови гранитни рабници, а моментно се работи на тротоарите, кои се поплочуваат со гранитни плочи.
Како Влада и како Министерство, грижата за највозрасната категорија на граѓани е наш приоритет и одговорност