Овој настан беше потребен за да зборуваме отворено за некои работи и предизвици кои што не чекаат во периодот кој што следи.
Мицкоски изјави дека примарната цел на ВМРО-ДПМНЕ е, како што рече, да го консолидира антивладиниот глас се со цел да освојат 61 пратеник. На тој, начин, рече Мицкоски ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија.
Последниот ден од мандатот Спасовски направи акција која требаше да ја направи пред 7 години. 7 години дозволи разни банди да дивеат по улиците.
Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ.
Интересно е што последниот ден Спасовски се сети дека постои нарко мафија. Таа иста нарко мафија 7 години претходно јадеше од раката на Спасовски.
Јас прв пат пролетта 2018 година реков дека дури и да се реши спорот со името Грција, се додека оваа влада е на власт, Македонија нема да почне преговори со Европската Унија.
„Доаѓате од мала држава како што е Македонија, сме во земјите кои што имаат најмалку гласови затоа што оди и според пропорција на број на жители. Мислам дека е сериозно достигнување, но други треба да зборуваат за мене. Но, факт е дека е сериозно достигнување“, појасни Николоски.
Николоски истакна дека ќе остане оваа влада на СДС и ДУИ како една од најбезличните влади кои Македонија ги имала и влада која убедливо е најкорумпирана и која најмногу ги погази националните интереси.
„Прво сметам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во позиција да го одбира коалициониот партнер, а не коалициониот партнер да не одбира нас“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
За гласањето на техничката влада, Милошоски посочи дека Талат Џафери не заслужува да биде гласан затоа што во Собранието досега покажа дека за него не важат ни Деловник ни закони.