Помошта која ја најави Ковачевски за компаниите и граѓаните, не е ништо друго туку поткуп за избори. Ковачевски игра на картата на кратко паметење и мисли народот ги заборавил изминативе 7 години, но се лаже.
Оливер Спасовски излажа за два клучни моменти во истрагата за исчезнувањето и убиството на велешанецот Панче и малата Вања.
Во однос членовите на Судскиот Совет, наместо мислења дека било добро, треба да им се извини на граѓаните, зошто тој 5 години е дел од луѓето кои се заслужни за довербата од 2% во судството.
Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата ќе се одржи на 2-ри март. А, на 26-ти јануари ќе имаме централен комитет.
Сајкоски истакна дека во однос на оваа влада на СДС и ДУИ политиките кои ги спроведуваше и очекувањата, може да се каже дека очекувањата на граѓаните се дека оваа влада требаше да си замине уште вчера.
Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП) вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што, како што се наведува во партиското соопштение, е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.
Петрушевски во однос на ставовите и нивното менување истакна дека СДС најмалку може да зборува, ја убедуваа јавноста дека во март ќе има претседателски а во август парламентарни и ќе бидат разделени и тоа им беа ставови од пред еден месец, а сега прифатија заеднички.
Милошоски истакна дека не може вие како претседател на влада да преземете обврска дека Собранието двотретински ќе ве поддржи, а без притоа да го консултирате или да не го консултирате народот на референдум или избори.
„Една група на пратеници е поблиска со Зијадин Села, а друга група на пратеници е поблиска со Таравари. И гледаме дека тој кокетира со власт“, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ би требало да учествува во техничката влада со цел ДУИ и СДС што поефикасно да бидат развластени.