Претседателот додаде дека периодот кој е опфатен во извештајот е за две години.
Жално е што обвинителството не покрена ниту обвинителен акт и се се заврши со само формална предистрага. Доста со басните за некаква висока политика, во реалниот живот се губат животи поради корупција и криминал.
Ковачки исто така додаде дека претседателот на државата, односно Врховниот командант кој е директно надлежен, дрско повикува сознанијата за ваквите случаи да се достават до надлежните органи, а тој не презема ништо бидејќи е уценет човек и чека номинација за втор мандат
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина" на Канал 5.
Чулев истакна дека пред Македонија е Косово и голем број на африкански земји, 85 место е страшно ако се знае дека сме биле 20 и повеќе места подобри.
За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време?
Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис.
Стоилковски кажа и дека законот за амнестија е ветување на власта во однос на ослободување на некои лица пред изборите.
Стоилковски потсети и на понудените решенија и солуции од страна на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на ваквите ситуации и укажа на тоа дека Македонија треба и самата да создаде капацитети за да не зависиме само од соседите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.