Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мега криминал со смртни последици, злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно.
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во дводневна посета на Брисел, во рамки на активности на Европската народна партија.
Таа додаде доколку се погледне Буџетот ќе се види дека околу 300 милиони евра ќе фалат во делот на приходите во однос на тоа што беше буџетирано.
Јаневска додаде дека ова што се случува со скандалот во Онкологија во лекарската фела е незамисливо.
Таа додаде дека згрозени се сите, тоа е неспорно и дефинитивно институциите треба да постапат, овде треба сериозна кривична одговорност.
„Родителите во нашето бесплатно образование почнаа да трошат пари за да печатат учебници за да учат нивните деца. Училиштата немаат печатари за да им испечатат на учениците“, нагласи таа.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска изјави дека целта на ова барање е да не се одолговлекува процедурата и да се стави на гласање потребата од носењето на уставни измени.
„Тоа се факти кои ги гледа цела јавност и има факти на кои не можеме да останеме неми и да не ги кажеме“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека има многу прашања и одговори, но многу наскоро тие одговори ќе ги даде идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, укажувајќи дека ќе има одговорност за секој кој се огрешил.
Мицкоски исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ за пред две години алармираше за ваквата состојба на таа клиника и дека за овој случај е потребна не само кривична туку и политичка одговорност.