ВМРО-ДПМНЕ не го блокира носењето на законот за медиуми. Напротив се обидува да издејствува подобро решение кое ќе гарантира поголема независност на регулаторните тела за медиуми и ќе ги направи отпорни на притисоците на власта.
Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано, ова преку својот статус на Фејсбук го објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Договорот за промена на името кој Заев и Димитров го потпишаа со Грција е штетен и капитулантски. Според членот 1 од договорот, името ќе биде обврзувачко и неотповикливо.
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски и Владата на Зоран Заев повторно ги понижија земјоделците. Наместо обештетување, земјоделците добија срамни 600 денари на своите сметки.
Владимир Ѓорчев во емисијата Анализа 24 ТВ во дебата со Мухамед Зекири потенцираше дека функционери од владината коалиција си делат тендери што претставува сериозна пречка за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија.
Влатко Ѓорчев во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 кажа дека граѓаните се тие кои што ќе проценат кој ги почитува Уставот и законите, дали претседателот Иванов или Заев. Пратеникот Ѓорчев посочи дека се повторуваат епизоди од минатото каде што Македонци се обвинувани и судени затоа што ја штителе Македонија.
Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта.
Како да очекуваме Макрон да се согласи Македонија да почне преговори кога неговиот колега премиер од Македонија го има на снимка како бара 200.000 евра.
Тој потенцираше дека вештачки се наметнува да се користи албанскиот јазик на цела територија на Македонија и во средини каде нема Албанци е ништо друго туку задоволување на политички потреби и создавање на лажна реалност дека Македонија е двојазична и двонационална држава.
Земјоделието тоне со СДСМ на власт. Неготинчани и земјоделците од Тиквешијата не сакаат да бидат манипулирани.