Дозволете ми најпрво да Ви го честитам 1 мај Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ и ЕЛЕМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.
Груевски пишува дека експресниот пат Охрид – Пештани, активисти на СДСМ преку т.н. еколошки НВО финансирани горе – долу сите од еден центар, го стопираа проектот уште година дена пред трансферот на власта.
Зоран Заев е единствен премиер во Европа, против кого се води постапка за земање мито. Заев е фатен флагрантно како бара поткуп.
Врв на лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и неспособност да зборува за заробена држава, кога токму за време на нивното владеење Македонија беше категоризирана како заробена држава.
Задолжувањето ги урна психолошките граници за помалку од една година од владеењето на економското цунами наречено влада на Заев. Државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема. За прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг скокна над 5 милијарди евра, а државниот над 4 милијарди евра.
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја следи програмата за работа на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. За посочениот парк во Карпош 4, рокот на реализација е од 2018 – 2020 година.
Македонија се бори со криминален канцер кој го труе општеството и чии пипци навлегуваат во секоја пора. А, изворот на тој канцер стига до највисоките структури на власта.
Ќе се отвори нов случај за криминал во државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека денеска во 16 часот ќе објави нов случај за кој постои сериозен сомнеж за криминал.