Граѓаните се фрапирани од масакрот во ловиштето во „Јасен“ извршен врз 57 диви свињи, во ловостој и во сезона на размножување. Имено според член 12 од Законот за ловство, ловот на диви свињи е забранет во период од 1 февруари до 30 септември.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада, изјави денеска координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Арбен Таравари повторно ќе ја извршува функцијата генерален секретар на Алијансата за Албанците. Тој денеска едногласно беше избран на првото централно Собрание на партијата што се одржа во Кичево.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски претходно изјави дека очекува во среда да биде свикана седницата на која, како што рече ќе ги изнесат аргументите за гласање недоверба на Владата.
Лекцијата за која Заев може да говори е како да се оштети државата за 8 милиони евра и потоа да се издејствува амнестија. Како да се спроведуваат тендери и криминални договори од општината со своите бизнис партнери, роднини и братучеди.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека во текот на денот партијата ќе го поднесе барањето за интерпелација на Владата во Собранието, а очекува расправата, односно гласањето за доверба да се случи во среда и таа да биде изгласана.
Република Македонија е заробена држава. Институциите не се во служба на граѓаните, туку на владејачката структура. Демократијата е суспендирана, а правото девалвирано.
Ми претставува чест во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со најискрени честитки за здравје, благосостојба и среќа за сите вас.
Откако премиерот на Република Македонија, во интервју за „Миа“ кажа дека може да му дели лекции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по економија. На Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Реџеп Мемеди, член на Централното претседателство на Движењето Беса и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека деновиве очекува интензивирање на разговорите за нивен евентуален влез во Владата.