Социјалистичката партија на Македонија ја оценува кампањата на власта за брзо зачленување на ЕУ како повторување големата лага од пред пет години.
Власта на Ковачевски тврди дека ТИЕ се Европа, а врска немаат со европски вредности и принципи. Тие се обични измамници.
Во однос на Маричиќ таа истакна дека можеби тој е збунет и посериозно треба да разговара во партијата за она што се следните чекори за нив, а дефинитивно не се на патот кон ЕУ или Брисел.
Таа истакна дека една од причините поради кои потфрлија СДС и ДУИ затоа што немаа консензус по ова прашање и не го прашаа ниту народот ниту опозицијата.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди свое решени, како и дека секој ден повеќе со СДСМ на власт значи ден изгубен за Македонија.
Тоа се луѓе кои што заслужуваат својот пензионерски живот да го поминат без да имаат грижат дали пензијата ќе им стигне од први до први, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Според Мицкоски, за неколку месеци ќе има нова Влада и нова реалност, а власта, како што оцени, треба да прифати предвремени парламентарни избори затоа што не можат да го испорачаат тоа за што презеле обврска надвор од легитимитетот.
Мицкоски исто така истакна дека Ковачевски и според начинот на кој е избран е премиер без никаков легитимитет, а најстрашно е што како таков потпишал национална катастрофа без да се консултира со никого.
Не помалку е значајна улогата и она кое што го прави Игор во рамки на парламентот. Навистина прават чуда и таму во парламентот да обезбедат денар повеќе за Велес за некој проект повеќе за Велес.
Поразите на владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, се повеќе секој ден, ако оваа гарнитура остане на власт.