ВМРО-ДПМНЕ, партијата што континуирано ги задолжуваше граѓаните заради остварување криминални интереси, продолжува да шири лажни вести преку кои очајно се обидува да манипулира со јавноста.
Дарко Каевски да не бега од одговорност и да си поднесе оставка. Ова го очекуваат граѓаните од партијата која ветуваше одговорност, а сега бега од истата. Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам.
Катастрофалната економска политика на СДСМ се базира на задолжување, задолжување и само задолжување. Нема да помине недела, а јавноста да не види ново задолжување. Денес Министерството за финансии закажа нова аукција на државни хартии од вредност со која ќе се задолжат со нови речиси 29 милиони евра.
Биљал Касами, кој е на чело на едното крило на движењето „Беса“ денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го отфрлил барањето на другото крило со што тој и официјално е лидер на партијата.
Либерално - демократската младина активно се вклучува во проектот „Субвенционирање студентски оброк и други студентски потреби“, што Владата го усвои на крајот на месец јануари оваа година, а се очекува до крајот на месец мај целосно да го дефинира како концепт.
Социјалдемократскиот сојуз ја зароби државата, а улиците на Скопје ги препушти на криминалците. Нарушена е безбедноста и граѓаните се чувствуваат несигурно. Изминатиов викенд Скопје и Република Македонија, наликуваа на сцена од криминален филм.
Економијата во Македонија стагнира, додека низ регионот и низ Европа бележи раст. Заради корупцијата во власта, инвестициите не заобиколуваат и наместо во Република Македонија странските инвеститори се одлучуваат за земјите од соседството.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.
За претседател беше избран Бојан Петровски, советник од Ѓорче Петров, за потпретседатели Ивана Здравеска, советничка од Аеродром и Кристијан Балески, за генерален секретар Мартин Каровски и за организационен секретар Александар Христу Каневче.
Откако СДСМ и Шекеринска го презедоа министерството за одбрана, армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали.