СДСМ се обидува проектот кој што беше содржан во програмата на Коце Трајановски на последните локални избори да го прикаже како свој.
При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани.
СДСМ од опозиција ветуваше намалување на бројот на министри во владата од 26 на 20. СДСМ од позиција на власт не го намали бројот на министерски места. Бројот на министерски места остана ист.
Евентуалниот обид на власта да продолжи диво и нелегално да гази по правниот систем во државата ќе биде причина за нови кривични пријави кои не застаруваат и за кои потоа ќе се бара индивидуална одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, ускратувајќи го законското право пензиите да се усогласуваат со растот на трошоците за живот.
Пораст на плати во Македонија нема. Постои само промена на методот на прибирање на податоци за плата. Очигледно СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.
Законот за јазици е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата. Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука.
Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (23 март 2018-та година) оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.
За време на своето владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години се служеше со лажни вести и пропаганда преку коишто ги промовираше своите политики на омраза, поделби и конфликт.