Мицкоски зборуваше и за обидите на СДСМ да се испровоцира опозицијата да направи непромислен чекор и да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици, преговорите за името и сите неуспеси на владата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во денешното гостување на вестите во Алфа телевизија, истакна дека незадоволството од донесувањето на Законот за јазици во јавноста е огромно.
Од ДУИ информираат дека на партискиот состанок во Тетово разговарале и за судскиот процес за случајот со малиот Алмир. Од партијата изразуваат длабока загриженост што во самото Обвинителство има разлики што се однесува на одлуката за преквалификација на делото од убиство во друго кривично дело и бараат итно адресирање на нивната загриженост.
Кукавица е тој кој што го донесе Законoт на ваков начин, иако во многу наврати во минатото лично го предупредував и преку прес конференции, но и преку моите настапи на социјалните мрежи дека Македонија не смее во овој момент да си дозволи вакво недолично однесување.
Лидерот на ДУИ Ахмети на денешниот состанок во седиштетото на партијата во Тетово се осврнал на политичката активност на партијата и на главните достигнувања во изминатите 17 години, на победите во изборните процеси и на партиските конгреси.
Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција го осуди актот на пуштање на слобода на Бобан Илиќ, кој беше обвинет за смртта на четиригодишниот Алмир од Куманово.
Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски коишто промовираат поделби, деструкција и омраза и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите.
Денешниот циркус на СДСМ и ДУИ не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики.
СДСМ ја погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон кој ќе им овозможи да останат на власт без разлика што при пазарењето за зачувување на коалицијата – на маса е ставен неуставен, неприменлив и штетен закон за двојазичност.
Фондот за здравствено осигурување ги остави граѓаните без основните лекови. Досега не се случило осигурениците да не можат да ја подигнат својата месечна терапија која е на товар на Фондот. Во период на настинки, вируси и респираторни заболувања нема антибиотици и лекови за хронично болни во аптеките.