Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, којшто денес го оспорува, е доказ за лицемерието и за лажниот патриотизам на опозициската партија.
Кривична пријава за претседателот на Собранието Талат Џафери и иницијатива за оценува на уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, информираше на прес конференција претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако Собранието попладнето без амандманска расправа го донесе Законот за употреба на јазиците.
Случувањата во Собранието на Република Македонија потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција.
Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест. Околу шпекулациите кои произлегоа, немав никаква средба ниту со Талат Џафери, ниту пак со Зоран Заев.
СДСМ ја лаже и домашната и меѓународната јавност. Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството мора да бидат во согласност со препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија.
ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во медиумите дека се одржува средба помеѓу претседателот на партијата г. Христијан Мицкоски, Зоран Заев и Талат Џафери во Собрание на Република Македонија.
Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, пред почетокот на седницата за законот за употреба на јазиците, одржуваат координативни средби на кои присуствуваат и лидерите на нивните партии.
Само ние веднеме глава, се срамиме, гледаме надолу. Ние знаеме што не снашло, не снашло цунами Заев, ама не знаат они што не снашло. Значи имаме една катастрофална ситуација ветуваа 5% раст, обезбедија 0%, 0% катастрофална ситуација во економијата.