Насилното носење на неуставниот закон за двојазичност и евентуалното одземање на пратеничкото право на амандманска расправа е сериозен удар врз демократијата и преседан, кој во иднина може да има долгорочни последици.
Продолжувајќи ги штетните полтики на Никола Груевски, токму Христијан Мицкоски промовира поделби и блокади со што продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и против концептот едно општество за сите.
Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците.
Со предавањето на софтверскиот систем е-Градежно земјиште на Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС), а понатаму и до општините во Република Македонија, Владата предводена од СДСМ го продолжува процесот на децентрализација.
Непочитувањето на законите ја урива демократијата во Република Македонија. Парламентарното насилство манифестирано со игнорирање и ограничување на правата на пратениците од опозицијата е осакатување на демократијата.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата што континуирано ги задолжуваше граѓаните заради остварување криминални интетеси, повторно шири лажни вести.
СДСМ не запира со расипничкиот однос со парите на граѓаните. СДСМ денес повторно ја задолжи државата. Власта денес се задолжи за 93 милиони евра.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со млади луѓе во Струмица.
Власта e исплашена од работниците и на секој можен начин се обидува да го оневозможи слободното синдикално организирање. Исплашена е зошто не направи ама баш ништо за подобрување на нивниот стандард.