ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто потроши над половина милијарда евра на криминалниот проект Скопје 2014 и најмалку може да зборува за одговорно трошење на парите на граѓаните.
Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, деновиве доби закани од страна на бандитите од разгранокот на ДУИ во Чаир. Тргнувајќи од ова, Движењето Беса изразува загриженост за овој насилен и кукавички чин на бандитите кои се добро познати за Чаир, вели Африм Гаши, претседател на Движењето Беса.
Вчера разбравме дека нема никаков готов проект за нов Клинички центар и дека не им е јасно каде ќе биде лоциран, односно како што велат таму некаде меѓу Злокуќани и Бардовци. Покрај тоа, министерството за здравство преговара со кредитори за обезбедување на финансиски средства.
Неодговорната влада на СДСМ, 7 месеци го одолговлекува пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица, кој требаше да биде готов уште во август минатата година.
Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија и Амандманот 5 коишто е донесен во 2001 година. Очигледно Христијан Мицковски ги продолжува политиките на поделби на неговиот претходник Никола Груевски, со што ВМРО-ДПМНЕ повторно работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Секој изминат ден го покажува недемократскиот карактер на оваа власт. Скапо платената владина пропагандна машинерија не може да ги сокрие сите лаги на Заев. Ветуваа живот и слобода, а донесоа цензура, закани и условни затворски казни за медиумите.
Со реализација на одлуката на Владата предводена од СДСМ, надминати се наследените проблеми во АД 11 Октовмри Еурокомпозит и на вработените во ова претпријатие исплатен им е надоместокот.
Овој закон не носи придобивки за граѓаните, туку само нови проблеми. Дополнително овој закон ја носи државата и граѓаните кон нови поделби кои ние не ги посакуваме.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажниот патриотизам. Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, впрочем ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата.