Николоски додаде дека вчерашната седница беше и силна порака до регионот дека веќе играње со Македонија нема.
Да беше кадарен немаше да дозволи Македонија да влезе во замката на Бугарија во која или бесконечно ќе преговараме или асимилација.
Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна.
Според Силјановска Давкова, овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори. Таа потенцираше дека оваа власт е целосно делигитимирана. Не смее, како што вели, патот за Брисел да води преку Софија.
Силјановска Давкова додаде амандманот 35 вели дека Републиката ќе го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
СИТЕ 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа ПРОТИВ дневниот ред со одлуката за уставни измени.
Мојата должност кон мојот македонски народ и Република Македонија е исполнета - гласав #ПРОТИВ точката на дневен ред за отворање на Уставот кое има за цел ново предавство.
Потонаа лагите на мнозинството, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска по денешното гласање за дневниот ред на седницата за промена на Уставот.
Ден во кој ќе стане јасно дека македонската историја, култура, традиција и јазик не се и нема да бидат предмет на дискусија.
Ден за историја! НЕ за уставни измени!, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски