Во рамки на посетата во Лондон, премиерот Зоран Заев заедно со министер за финансии Драган Тевдовски се сретнаа со лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин и потпретседателката Емили Торнбери, од најголемата Социјалдемократска партија во Европа.
Вчера, по којзнае кој пат, повторно беше одложено рочиштето во кое што Зоран Заев е обвинет за поткуп од 200.000 евра. Судот три години не може да одржи рочиште, а надлежните судии и обвинители, што би рекол Заев „се тепаат” за да му угодат и да не го вознемируваат.
Неспособноста на власта ја гледаме на дело, само 10 сантиметри снег ја блокираа целата држава. Снегот во февруари ги изненади „Македонија пат“. Патиштата се нерасчистени, тешко проодни, а на места и блокирани.
Пред да шири лажни вести, Христијан Мицкоски да ги провери реалните факти што ја докажуваат исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (26 февруари 2018та година) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет, Драган Данев оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн.
Наместо реформи, секојдневно гледаме фарси. Правдата е селективна, а законите не важат исто за власта и оние кои не размислуваат како СДСМ.
На средбата ќе стане збор за актуелната политичка ситуација во државата. Но, она што е поважно за граѓаните е лошата економска состојба на секој од нив поединечно, која што е резултат на погрешните и лоши политики кои што владата предводена од СДСМ ги практикува во Република Македонија.
Посветеноста, работата и сериозниот пристап кон имплементација на реформите во правосудниот систем, тајните служби, администрацијата и медиумите, како и внатрешната стабилност, ќе ги отворат вратите на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Иако нема никаква основа на неправедно обвинетите за настаните од 27-ми април да им се ограничува слободата на нив повторно им е одредена мерка притвор.
ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на европската интеграција на државата. Интеграцијата во ЕУ е единствена шанса за нашата држава за економски и општествен раст и развој, рамо до рамо со развиените држави од Европа.