Двете крила на Беса ќе бараат регистрација на партијата под истото име. По одржувањето на конгресот на скопското крило и изборот на Африм Гаши за претседател партиските органи ја подготвуват целокупната документација која во најкус рок ќе биде поднесена до судот кој ќе треба да донесе одлука за името на партијата, логото и печатите.
Владата на СДСМ доживува фијаско во поглед на странските инвестиции. Не само што нема прилив на нови, туку има и одлив на инвестиции што го констатираше и Државниот завод за ревизија, додека НБРМ констатираше пат на Странските директни инвестиции за 5 пати помалку споредено со 2016та година.
СДСМ 9 месеци ја има целокупната власт во државата и контролата врз сите институции. Неспособноста на МТСП да одговори на прозивките и потребата партијата да реагира во име на надлежните, покажува колку Зоран Заев и неговите соработници ги уништија и партизираа институциите.
Христијан Мицкоски заедно со членот на Извршниот Комитет, Златко Перински, оствари средба со Хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ
ВМРО-ДПМНЕ не престанува да злоупотребува лични и човечки трагедии, иако целата јавност сведочи дека случајот со малолетната жртва целосно се расчистува и се преземаат мерки за превенција, за никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи.
Ова е уште еден од низата скандали кои оставаат сомнеж за корупција, конфликт на интереси како и злоупотреба на службена должност од страна на раководните лица во Министерството за култура и комисиите кои одлучуваа за проектите во Годишната програма за 2018-та година.
Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми е замајување на јавноста. Одговорност мора да има и на повисоко ниво. Одговорност мора да има и морална и кривична.
ФРОДЕМ предлага во најкратко време да се постигне национален конзензус и да се отпочнат преговори за можна идна Конфедерација помеѓу Република Македонија и Република Турција.
СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестијата на над 2.000 затвореници меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела. Дел од нив за неполни 24 часа повторно се вратија на криминалот, а жртви беа невини граѓани.
Времето кога институциите беа инертни и незаинтересирани за граѓаните, кога молчеа и не преземаа ништо заврши со заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција.