Оданочување на парите кои нашите иселеници ги праќаат кај своите семејства во Македонија во висина од 10% е уште една кражба на граѓаните, чии макотрпно заработени пари ќе се собираат за покривање на расипништвото на власта.
Откочените процеси, соопштени јавно по вчерашната средба на премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и Република Грција, Алексис Ципрас, носат придобивки за Република Македонија и сите нејзини граѓани.
Законот за двојазичност ја разбива кохезивноста во македонското општество и ја уназадува употребата на македонскиот јазик како врзивно ткиво за сите етнички заедници кои живеат во земјава.
На почетокот на самата седница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија истата поради тоа што нивни членови се уште се наоѓаат во притвор за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, на прес-конференција во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“ ги претстави злоупотребите направени за време на мандатот на неговиот претходник во областа на образованието во општина Гостивар.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува средбата меѓу премиерите на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, во која што Заев сака без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик.
-Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение и ние го поздравуваме овој прозорец на можности што може да доведе до конкретни резултати, вели Дол.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се вклучи во демократските и реформските процеси треба да ги надмине политиките на деструкција, поделби и раздор помеѓу граѓаните, коишто се уште ги застапува и промовира.
ВМРО-ДПМНЕ е на страна на граѓаните и Република Македонија и затоа ќе стори се во одбрана на државните и национални интереси.