Затоа што се продолжи притворот за уставобранителите од 27 април. Ова е типичен пример на изживување врз патриотите од страна на полициска хунта која затвора политички неистомисленици. Бараме итно пуштање на сите патриоти кои се притворени.
Законот за енергетика предложен од Владата и Министерството за економија бил со цел, како што вели Села, Анѓушев да може да заснова сопственост врз малите хиддроцентрали врз кои неговата фирма има концесии.
Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ започна постапка за измена и дополнување на Статутот на партијата, согласно заложбите на новиот претседател на Христијан Мицкоски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Членството се повикува да се вклучи со свои предлози.
Кривичниот суд денес повторно се стави во функција на неправдата. Судот продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на ОЈО за случај кој е целосно фабрикуван.
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, испрати честитка до новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ѓорчев во своето кратко интервју за Канал 5 телевизија потврди дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата ќе продолжи, но дека продолжениот притвор на 29 лица обвинетите за настаните од 27-ми април ја отежнува комуникацијата и политичкиот дијалог.
Премиерот Зоран Заев како очекувани ги оцени оставките на функционерите од Алијансата за Албанците на државните функции.
Алијанса за Албанците и дефинитивно ја напушта коалицијата со СДСМ и ДУИ. Замениците министри за надворешни работи Арта Точи и за транспорт и врски Ремзи Мемети си поднесоа оставки.
Без работа пред Нова Година остануваат голем број на луѓе од различни делови на државата. Власта на СДСМ во Прилеп без работа остави 20 вработени во ЈП Водовод. 20 луѓе кои се грижеле за оддржување на водоводниот систем во општината сега се на улица.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повтори поддршката за неправедно притворените колеги и останатите граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реафирмирајќи ги позициите дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон.