Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изјава пред Кривичниот суд каде што за следната година беше одложено судењето за насилството во Општина Центар, рече дека предметите на СЈО се без докази и дека со тоа Заев му се одмаздува за 11 години порази.
Изминуваат веќе 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Денес правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски започна со средбите со своите сопартијци во општинските комитети. Вечерва тој на својот фејсбук профил објави фотографии од средбата со Општинскиот комитет Бутел.
Она што е во интерес на граѓаните и Република Македонија не треба да претставува табу-тема ниту за опозицијата, но повторно ќе кажам тоа го напоменав во многу наврати, дека конструктивноста не е само во едната насока, конструктивноста мора да биде двонасочна улица.
Мицкоски денеска пред Собранието изјави дека во однос на враќањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во собраниските клупи сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на средбата со Заев.
Обединети за Македонија денешниот говор на Иванов го оцени како говор на партиски службеник на ДПМНЕ, задолжен за односи со јавноста, кој никако да ја сфати и разбере својата улога како „татко на нацијата“.
Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски заедно со пратеничката група даде изјава пред Собранието, од каде порача дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со Зоран Заев.
Премиерот Заев за прв пат денеска ја спомена можноста да се организираат предвремени избори. Тој објаснува дека Владата ќе постои се додека има мнозинство во Собранието.
Новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој говорот на Иванов го проследи во Собранието, кажа дека станува збор за содржајно обраќање и сопствено гледиште на шефот на државата.
Ѓорѓе Иванов денеска одржа срамен и партиско-политички говор, со што уште еднаш докажа дека ниту бил ниту ќе биде претседател на сите граѓани.