Зборот чесност се девалвира кога доаѓа од Зоран Заев, човекот кој од позиција на градоначалник беше видеодокументиран како бара мито од 200.000 евра. Безочно и дрско. Кажувајќи дека тоа е пракса која ја практикува со сите.
За каква лажна вест зборува СДС кога има пријава во полиција од луѓе со име презиме кои потврдиле дека биле предмет на притисоци и закани од локалните насилници на СДС во Гази Баба.
Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Тоа не е точно. СДСМ ја почитува изборната волја на граѓаните, ги поддржува и промовира демократските вредности како врвен интерес на граѓаните.
Лица од СДС уценувале советничка да гласа за нивната партија во Советот на општина Гази Баба, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Случајот е пријавен и во полиција.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институции и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби.
Вчера видовме дека во Народната универзитетска библиотека, среде Скопје се промовираше на изложба Гоце Делчев како бугарски ослободител. Заев претходно најави дека подготвувал ново име за земјата.
Една недела подоцна, убиецот е сеуште на слобода! Полицијата нема ниту фоторобот, ниту пак полицијата кажува со каков автомобил избегал и кој му помогнал во тоа!
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести и ги плаши граѓаните со црни економски сценарија.
СДС преку покачувањето на даноците ги клекнува на колена економијата и граѓаните. Поскапувањето на акцизата за дизелот, мазутот и екстра лесното масло за домаќинства едно македонско семејство ќе го чини една просечна плата годишно.
Времето на протекционизам, повластени компании и поединци и договорени тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозција. Денес, воспоставените законски прописи важат за сите подеднакво.