СДС ги потцени и ги излажа докторите – нема да им ги покачат платите според ветуваните 100.000 денари од пред изборите.
Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура?
Само со еден потпис на антиреформските власти на СДС на локално ниво без егзистенција се оставени 12 семејства, а близу 350 деца ќе останат без своите негувателки и воспитувачки.
ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста и даваме јавно ветување дека се што СДС ќе сруши и уништи од она што е создадено веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било.
Денес судот направи преседан одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиевски и неговата одбрана. Преседанот да биде поголем, Миле Јанакиески ниту бил информиран, ниту бил уредно повикан на денешното рочиште што е спротивно на законските одредби.
Фирмата „Делукс“ од Куманово, која е донатор на партијата, благодарение на одлуката на потпретседателот Оливер Спасовски, ќе добие ни помалку ни повеќе, туку еден милион евра, пари кои се донација за МВР од Чешката влада.
СДС со покачувањето на акцизата за нафтата директно удира по џебот на граѓаните. За жал поскапата нафта највеќе на свој грб ќе ја почувствуваат земјоделците, сите превозници, таксисти, камионџии и останати, но за жал и над 200.000 граѓани кои возат дизел возила.
СДС создава заробена држава каде стравот е главната алатка на владеење. Сосема е јасно зошто криминалци како Красниќи беа ослободувани пред изборите.
Коце Трајановски инвестираше во капитални проекти важни за скопјани, инвестиции кои се видливи и мерливи во инфраструктурата, булевари, водоводи и канализации, инвестиции во училиштата, инвестиции во нови паркови и зелени површини.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Љупчо Николовски, министер за земјоделство, водостопанство и шумарство и Мила Царовска, министер за труд и социјална политика заради поткуп при избори и гласање, кривично дело според чл.162 од КЗ на Република Македонија.