Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина.
Делегација предводена од Драган Ковачки, Жаклина Пешевска и Бране Петрушевски, положија свежо цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.
Дозволете ми најпрво од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Македонија да им го честитам овој национален и државен празник, бидејќи Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност.
Споменот на Денот на Републиката, и вистината за првиот и вториот Илинден, не може да замре се додека гори поривот на македонскиот народ да ја одредува сопствената судбина и да ја одбрани Државата.
По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ преводена од заменик претседателката на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на „Сила, слава и победа“ на тврдината Кале во Скопје.
Демократскиот сојуз, на сите Македонци, каде и да се, како и на сите граѓани, им го честита 2-ри Август, ИЛИНДЕН, најсветлиот празник на Македонците и Македонската држава.
Делегацијата предводена од Борис Шамбевски, претседател на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на Споменикот на Слободата-„Сила, слава и победа” на Тврдината Кале во Скопје
Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели.
Во името на членовите на Социјалистичката партија на Македонија и во свое име до Македонците и до македонските граѓани упатувам искрени честитки за 120 годишнината од илинденската Крушевска Република и 79 годишнината од Првото заседание на АСНОМ.
По повод големиот празник 2-ри август - Денот на Републиката, во Скопје, делегација на СДСМ положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја