Анѓушев призна дека компанијата која е во негова сопственост е еден од деловните партнери на „Фени“. Компанијата која е блокирана и во која под знак прашање е судбината на 1.000 вработени.
За овој случај упорно молчи владата на СДС и самиот Зоран Заев. Молчат затоа што се фатени во матна зделка за која постои основ да биде истражена од надлежните институции и обвинителството.
СДС за три и пол месеци откако е на власт нема направено буквално ништо во македонскиот здравствен систем, од кое граѓаните би имале некаква корист.
Владата на СДС покажа дека го гази правниот систем во оваа држава. Тие на најбрутален начин вршат негово дерогирање и уништување.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што конечно парите се враќаат назад кај граѓаните, а не одат во џебот на Никола Груевски.
Новите мерки кои ги предвидува Социјалдемократскиот сојуз за либерализација на енергетскиот пазар, самите по себе претставуваат конфликт на интереси и основ за богатење на партискиот апарат на Социјалдемократскиот сојуз и неколкумина владини функционери.
Но, она што ја интересира јавноста е, како е возможно дневно да се трошат приближно 4 милиони евра, а да не е отпочнат или завршен ниту еден единствен проект.
Љупчо Николовски, од позиција на пратеник во мај годинава ги посети земјоделците во Ресенско ветувајќи дека по доаѓањето на власт на СДС тие веднаш ќе бидат обештетени. СДС дојде на власт, а веќе три ипол месеци оштетата кон земјоделците не е исплатена.
Прашуваме во чиј интерес е да се затвори „Фени"? Дали ова значи свесно обезвреднување на капиталот за да подоцна пропадне во рацете на бизнис двоецот Заев Анѓушев?
Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев се свесни дека на локалните избори на 15-ти октомври нема да ја добијат поддршката од граѓаните.