Сакам овој момент да го искористам и да повикам на совест за ситуацијата која што ја имаме во Собранието на Република Македонија од аспект дека нас се поочигледно ни станува дека има тенденција на воведување на Собранието во некаков нов инцидент.
Движењето Беса денеска ги обвини владините партнери за политизација на научно-образовните институции, повикувајќи се на одлуката Институтот за духовно и културно наследство да го води кадар на Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА).
Денес Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесат интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од Талат Џафери да ја прекине расправата за разрешување на Јавниот обвинител бидејќи е спротивно од Изборниот законик.
СДС создава хаос во македонското здравство. СДС и министерот Таравари го инфицираа здравството со вирусот на криминал и непотизам од кој одамна боледуваат.
Дрога во Македонија нема. Нема ни грам хероин, ни грам кокаин, ни грам марихуана. Сообраќајни несреќи не се случуваат и нема жртви, бидејќи полицијата совесно и ажурно води грижа за безбедноста на патиштата.
Македонија гори, а на СДС око не му трепнува. Си тераат одмори, а од лежалка, под чадор, проблемите и стравот на граѓаните изгледаат помали од зрно песок на морските плажи.
Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии.
Социјалдемократскиот сојуз прави хаос во МВР и го претвора министерството во огранок на партијата. Спасовски го партизира министерството и ги деградира професионалците, за сметка на партиски послушници.
СДС и Таравари вршат вистински масакр во македонското здравство, а од здравствените установи прават семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта.