На средбата, покрај Ахмети и Села, присуствуваат и Теута Арифи, Изет Меџити и Артан Груби од ДУИ, а Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.
Очигледна е нервозата на СЈО заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави несвојствени за едно обвинителство се обидуваат да ја покријат својата пристрасност и непрофесионалност.
Кога неспособноста и неработењето е доминантна карактеристика на партијата и владата, членската книшка и тоталната партизација се единствениот начин за узурпирање на власта.
Изнудените дополнителни трошоци направени заради неспособноста на претходната Влада одат на директна штета на граѓаните и чинат речиси колку и вкупните субвенции за една година за сите земјоделци во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно побара одговор за содржината на договорот за добрососедство со Бугарија по неодамнешната посета на оваа држава од премиерот Зоран Заев.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ги покани лидерите на албанските парламентарни партии на заедничка работна средба за да се разгледа имплементацијата на програмските определби.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска, заедно со членот на Извршниот комитет Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, соопштија од партијата.
Наместо почитување на законот при именување и разрешување на директори Владата покажува елементарно непочитување на законите и кршење на законските норми.
СДС покажа дека брани и застапува двојни аршини. Изјавата на нивниот пратеник дека членската книшка на СДС е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и непочитување на државата.
Арбен Таравари наместо да се занимава со демагогија и да пласира трули тези, подобро е нешто да сработи. Помина скоро еден месец откако е министер, а само демагогии слушаме од него.