Заев: Сериозна осуда за пукањето врз Тодоров, тоа што се случи е недозволиво изјави Премиерот Заев по превземањето на функцијата Премиер.
ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити.
СДС, додека владееше избрка над 200.000 луѓе од работа, затворија 684 фабрики и оставија еден куп неразјаснети убиства и друг вид на тешки кривични дела. Владеењето на правото беше на дното во Европа, а економијата прикачена на апарати за дишење.
Американскиот Стејт Департмент денеска преку соопштение го честиташе формирањето на новата Влада на Македонија.
Во исто време, Могерини и Хан порачаа дека очекуваат Владата на премиерот Зоран Заев и опозицијата, да изготват заедничка програма за реформска агенда која ќе биде од корист за Република Македонија.
Амбасадорот на САД во Репулбика Македонија, Џес Бејли преку социјалната мрежа Твитер вечерва упати честитка до новиот премиер за формирањето на новата влада.
Лидерот на СДСМ му порача на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, сам да си замине од позицијата.
Новата Влада има потреба од поддршка на опозицијата затоа што следуваат процеси на сериозни реформи кои што треба да го унапредат квалитетот на животот во Македонија, истакна Заев.
Собранието на Република Македонија пред полноќ со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“ ја избра новата Влада. Владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев ќе има 25 министри.
Во својот завршен говор пред избор на Владата, Зоран Заев го посочи Никола Попоски, довчерашниот Министер за надворешни работи како иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ.