За помалку од 10 дена ќе се потрудиме да го составиме владиниот кабинет и да ја доставиме владината програма и предлогот за Влада, до Собранието на Република Македонија.
Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на господинот Заев, како важен чекор во процесот на формирање на влада, истакнаа Хан и Могерини.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања истакна дека СДСМ е подготвена да даде гаранции дека Република Македонија ќе остане унитарна држава.
Градоначалниците на општините во Македонија од денес ќе работат без мандат, информираше денеска по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправa, Коце Трајановски.
На координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери, договориле одржување на локалните избори во октомври и законски интервенции заради продолжување на мандатот на актуелните градоначалници и општински совети.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го покажа својот став дека почетокот на јули беше најповолниот датум за одржување на локалните избори.
Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов од следната недела почнуваат со интензивна кампања за враќање на старото вмровско членство во нивните редови.
Изборите беа најрелевантна анкета, волјата на мнозинството мора да биде испочитувана, реагираа од СДСМ на денешната анкета објавена од страна на ИРИ.
Мнозинството македонски избирачи ќе гласаат на локалните избори, а најголема поддршка би добила ВМРО-ДПМНЕ, а по неа СДСМ, ДУИ и БЕСА, покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).