Поигрувањето и тргувањето со највисоките државни и национални интереси ги подгрева апетитите на разни структури кои не и мислат добро на Република Македонија.
Груевски тврдеше дека предвремените парламентарни избори закажани за 24 април ќе се одржат, иако за нив не беа исполнети условите. Изборите беа откажани до создавањето услови да бидат кредибилни, велат од СДСМ.
Тиранската Платформа се прочита на говорницата во Собранието на Република Македонија. Таа се состои од неуставни елементи, со чие реализирање ќе дојде до редефинирање на Република Македонија.
Неодговорното однесување на Никола Груевски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет, велат од СДСМ.
Пратеникот Илија Димовски и реплицираше на новата пратеничка Ивана Туфегчиќ позната по протестите во шарената револуција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вториот ден на Конгресот на ЕПП на Малта, оствари билатерални средби и разговори со повеќе претставници од Европската Унија.
Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието.
Главниот реформатор на аболицираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села вчера во Собрание го прогласи за геноциден македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев се обрати на Конгресот на Европските народни партии кој се одржува во Малта.
Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваше на политичката сесија на Европската Народна партија каде се избра новиот потпретседател на народната партија Рафал Трашкоски од Полска.