Поигрувањето и тргувањето со највисоките државни и национални интереси ги подгрева апетитите на разни структури кои не и мислат добро на Република Македонија.

Вчера бевме сведоци како вандали се дрзнаа да го симнат државното знаме, сред бел ден, во центарот на Куманово, на неколку стотини метри од местото каде што Заев и Спасовски се сликаа селфи неколку часа откако македонските бранители ги дадоа животите за својата татковина.

Вчера бевме сведоци дека албанскиот премиер Еди Рама продолжи со омаловажување кон македонскиот народ именувајќи не како славомакедонци и индиректно порача дека доколку Македонија не го смени името и не се избори за влез во ЕУ, како и другите држави во регионот, тогаш би се разбудиле оние идеи за промени на границите.

Тоа е истиот Еди Рама кој ги собра лидерите на албанските партии од Република Македонија и ги обедини околу Тиранската Платформа.

На општа зачуденост и осуда од сите Македонци, Зоран Заев и СДСМ позитивно се изјаснија околу Тиранската Платформа. Јавноста беше сведок на потврди од сите страни дека СДСМ се согласил на двојазичност, промена на парите и униформите. Јавноста го слушна Заев како е подготвен да отвори дебата за промена на името, знамето и химната. Граѓаните видоа дека е договорена кантонизација, а реформаторот на Заев, Зијадин Села најави и федерализација на земјата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е силно уценет. Знае дека ќе треба да издржува долгогодишна казна затвор и затоа мисли дека единствениот спас му е да се дограби до власт без поддршка на народот. Тој и криминогеното раководство на СДСМ мислат дека ќе избегнат долгогодишни затворски казни доколку ги распродадат највисоките државни интереси и се согласат на целосно разнебитување на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2017 15:14