По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со Јавен обвинител, Р.Ј. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Денеска (21.01.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје- Оперативен тим потраги и Единица за интервентна полиција го приведоа М.Р. (38) од Визбегово.
Околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени десет лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Република Србија до Република Македонија.
Две лица се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
Полицијата вчера доцна попладнето на патот Штип кон селото Шашаварлија затекнала превретено патничко возило „застава“ без регистерски таблички. Возилото било натоварено со огревно дрво без соодветна документација
Малолетна девојка во полиција го пријавила поранешното момче поради физички напад и закана со пиштол
Скопјанец бил измамен за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Триесет и тригодишниот скопјанец се договорил за купување на пченка преку социјалните мрежи и кажал на полицијата дека ја платил, но не ја зел пченката, бидејќи друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не била платена.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство
Денеска (21.01.2022) во 05.05 часот на Граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, лишен е од слобода Е.Х.(27) од гостиварски Добри Дол
На 20.01.2022 од полициски службеници на СВР Охрид е лишен од слобода П.С.(35) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба од плац лоциран на ул.„7 Ноември“ во Охрид