Четириесетгодишен скопјанец вчера во 21 часот пријавил дека околу 15:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски материјал на малолетници.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Н.(39) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.
На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба“.
Гостиварец се здобил со тешки повреди откако возилото со кое возел налетало на коњ, што слободно се движел по коловоз.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 28.12.2021 во 00:45 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода А.Т.(24), Ф.Х.(22), Х.Х.(24) и Ќ.Х.(26), сите од село Житоше, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото
На 29.12.2021 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик
Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот