На 05.09.2021 при спроведена координирана полициска акција од страна на Одделот за криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ОВР Струга, ОВР Кичево и СВР Скопје приведени се двајца дилери на наркотична дрога кокаин, А.П.(52) од Кичево и А.Т.(35) од Скопје
Во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 703 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Полициски службеници од СВР Велес вчера спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната при што санкционирани се 75 возачи
На 04.09.2021 во 21:00 часот од полициски службеници од Полициското одделение Петровец биле лишени од слобода Ш.С.(38) и Б.С.(35) двајцата од село Петровец поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба“ во касарната Ќојлија.
На 05.09.2021 во 04:20 часот К.М.(19) од Гостивар, пријавила дека истиот ден околу 03:40 часот во Гостивар била физички нападната од Г.Г.(34) од Гостивар.
Полициски службеници од СВР Струмица, во текот на вчерашниот ден, во 23:45 часот го лишиле од слобода Т.Г.(59) затоа што истиот ден околу 19,55 часот тој со огнено оружје усмртил куче.
Инспектори од ЕВР Кисела Вода, отсек потраги денеска приведоа едно лице барано со потерница од Основен Суд-Скопје 1 за кривично дело затајување
Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот