За него бил распишан централен распис поради сомнение дека на 12.10.2021 од банкомат во маркет на ул.,, Ѓорги Димитров” во Скопје без овластување подигнал пари со картичка на женско лице од Скопје.
Во 10.00 часот на бул.„Александар Македонски“ и во 10.20 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Л.(25) и А.А(42), двајцата од Скопје.
На 19 декември 2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Х.К.(44) од Република Албанија.
Поднесена е кривична пријава против 48-годишен скопјанец за даночно затајување, информираат од Миистерството за внатрешни работи.
Поднесена е кривична пријава против сопственик на угостителски објект од Боговиње за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното.
Во периодот од 13.12.2021 до 19.12.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 23 возачи
На 19.12.2021 во 17.30 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(48) од Скопје
На ден 18/19.12.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово
На 19.12.2021 во 14.10 часот на бул.„АСНОМ" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(63) од Скопје