На 05.10.2021 во 20:30 часот во Полициската станица Карпош, И.Б.(38) од Скопје пријавил дека на 04.10.2021 околу 12:00 часот на кејот на река Вардар, во близина на мостот „Газела“, три машки лица со закана со нож му одзеле два мобилни телефони, пари и банкарска картичка.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.10.2021 во 09:30 часот на површината на водата од езерото „Козјак“ било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.
На 05.10.2021 во 17:20 часот во СВР Скопје, М.Ј.Д.(47) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од Е.Ц.(24) од Скопје, женско лице.
На 05.10.2021 околу 09:00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во атар на с.Кундино, пробиштипско, на место викано „Бела Вода“, настанал пожар при што била опожарена нискостеблеста шума и сува трева.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ј.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 05.10.2021 во 14:30 часот на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.М.(31) од Скопје.
На 20.09.2021 во Кичево, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот и откако констатирале сообраќајни прекршоци тој им понудил паре да не ја напишат казната.
Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, на издржување на казна затвор од седум години во затвор Штип и против Н.Н.(28) од Штип.
Денеска (06.10.2021) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Г,Ф. (29) во с. Долно Лисиче и други локации.