Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско
Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и ОКР Чаир на 19.02.2021 го приведоа П.Б. (43) од Скопје, кој се барал со потерница за дозидржување на затворска казна откако избегал од казнено поправна установа
Во текот на изминатото деноноќие (19/20.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 446 прекршоци
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 18.02.2021 гoд. во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
СВР Скопје – ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „фалсификување исправа“ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина“.
Нападната жена во сопствената куќа од разбојник кој и го украл лаптопот. Насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот. Судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
Двајца разбојници нападнале две жени во трафика во Велес и откако наишле на отпор избегале. Едната жена викала по нив, а другата ги замавала.
Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.