Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Еден помошен објект целосно изгорел, а три куќи биле делумно опожарени во пожарот што околу 12 часот и 20 минути бил пријавен во тетовската Територијална противпожарна единица дека избувнал во Јегуновце, информираше нејзиниот командир Ука Алити.
Во Скопје изминатото деноноќие полицијата санкционирала 58 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол и 15 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.
Во тој момент децата дотрчаа вознемирени и исплашени и ни кажаа како тој дечко ги викал да одат со него и да му дадат рака да ги прошета, напишала загрижената мајка на Фејсбук.
На 19.02.2019 година околу 15:00 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко.
Во пожарот што избувна вчера попладне во овоштарник во месноста Новини во атарот на село Богородица изгореле камп приколка, 150 метри пластично црево за систем „капка по капка", пумпа за наводнување, а опожарени биле и околу 10 хектари стебла дуњи и круши.
Во Велес во 2018 година полицијата поднела барање за поведување прекршочна постапка против 39 малолетници, што споредено со 2017 година е намалување за 7,2 проценти кога имало 42 прекршочни постапки за детското престапништво.
Триесет и осум годишен жител на Кичево синоќа пријавил во полициската станица дека бил физички нападнат од страна на Г.К. 47-годишен од Кичево вработен како шумочувар во Шумското стопанство „Лопушник“.
Основното јавно обвинителство Скопје ќе спроведе истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. на двете лица им е одредена мерка притвор.
Еден сопатник на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а три лица се здобиле со полесни телесни повреди во пет сообраќајни несреќи од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.