Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.
По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од ОЈО ГОКК и полициски службеници Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција каде се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, соопштија од Јавно обвинителство
На 13.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
На 13.09.2021 во 14.45 часот во парк на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во книжарница на ул„Ѓуро Стругар“ во Скопје
На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“
На 13.09.2021 во 20.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ч.(31) и И.Г.(31), двајцата од Скопје
Во текот на вчерашниот ден (13.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол
Покрај тоа, Д.М. удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.