На 23.08.2021 во 20.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Т.(40) од Р.Турција, со живеалиште во САД, затоа што во 19.00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга С.А.(39) од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата.
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Неготинка пријавила физички напад од својата ќерка. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информираше дека мајката го пријавила случајот денеска.
На 24.08.2021 на регионалниот пат Битола-Ресен кај место викано „Бимбил камен“, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода В.Ј.(51) од с.Дихово и К.И.(33) од Битола.
Тетовската полиција вчера утврдила дека 15 лица не ги почитувале решенијата за изолација поради Ковид-19. За сите нив се поднесени пријави за утврдување на кривична одговорност.
Рано изутринава почина Иван Доровски, професор на Катедрата за балканистика на универзитетот во Брно и голем и неуморен промотор на македонската литература и култура во Република Чешка, преведувач на бројни македонски литературни дела на чешки јазик.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На 22.08.2021 околу 13.10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.