Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека се уште не е пронајдена жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане
Денеска (09.08.2021) во 09.30 часот на патот кај с.Другово, од страна на полициски службеници од Одделние за внатрешни работи Кичево лишен е од слобода Г.Н. од Скопје
Против едно физичко и едно правно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје
На 09.08.2021 во 08.00 часот во с.Голема Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода С.Р.(47) од с.Камењане, тетовско, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 08.08.2021 до 07.00 часот денеска (09.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, реализирани 222 мото-патроли, при што беа користени 205 возила
Во текот на вчерашниот ден (08.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи
Физичка пресметка во маркет е пријавена вчера во 10.40 часот во Полициската станица Неготино, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски
Притоа, во нивна близина биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок
Во текот на вчерашниот ден (08.08.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 188 возачи, од кои 65 биле исклучени од сообраќај
На 08.08.2021 околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово