Во текот на вчерашниот ден (05.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи
Осумнаесетгодишна девојка загина, а две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на наплатната станица „Романовце“ Кумановско, соопшти денеска МВР
На 05.08.2021 околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, при влез во Гостивар, биле лишени од слобода А.Ж.(41) од Скопје и В.С.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Утрово (06.08.2021) околу 06.15 часот во м.в.Дабница, прилепдско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница.
Во текот на вчерашниот ден (05.08.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 126 возачи
На 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик
Пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш кај наплатна рампа Желино, при што полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово ги лишеле од слобода А.К.(28), државјанин на Р.Словенија и А.Р.(42) од Тетово.
Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.
Богословец во Светиниколско каде се изгорени четири куќи и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избувнале пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, месно население и припадници на Шумското стопанство.
Денеска (05.08.2021) околу 14.00 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во с.Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот