На 27.07.2021 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино – с.Таор, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот.
На 26.07.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, А.И.(41) од Скопје пријавила дека на Кеј „13 Ноември“ била физички нападната со тврд предмет од едно женско лице на возраст околу 19-20 години.
Таа била пренесена во Ургентно одделение во Медицински центар Гостивар каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.
Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против жителка на Прилеп, која во Дебар се претставувала како бајачка.
Тој е приведен во Полициска станица Кисела Вода, при што во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Работници во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани при редовната дневна проверка и рутинско чистење на каналите за наводнување, претпладнево пронашле машки труп во десниот магистрален канал.
Од угостителски објект на булевар „Ослободување“ во Кичево ноќеска, 30 минути по полноќ, бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика, која при извршеното мерење изнесувала 49,9 децибели, информираат од полицијата.
Рано изутрина во 0:50 часот на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево, опожарено е возило марка „фолксваген пасат“ со странски регистарски ознаки. Од пожарот, предизвикан од непознати причини, нема повредени лица.
Денеска (27.07.2021) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против скопјанец на возраст од 27 години за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Кочани.