Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека завчера заедно со уште три непознати лица, насилно ја внеле во возило Ј.А. (18) од село Јунузлија, општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим.
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во Полициската станица во Струга било пријавено дека две лица на улицата „Партизанска“, вршат испукување со пушка према езерото.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од деветмината кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово, во која животот го загуби едно лице.
Две лица од кои еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
С.А.(35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми Септември“, синоќа пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.
Осомничената се товари дека во текот на 2017 и 2018 година, со умисла извршила временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
На социјалната мрежа Твитер на 19. минатиот месец, споделил расистичка и ксeнoфобична содржина наменета за лицето С.А.
Во водите на реката Црн Дрим доцна попладнево пронајдено е телото на исчезнатиот маж од Дебар, кој на 30 октомври беше пријавен за исчезнат.