На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции
Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, откако кај него биле откриени непријавени 17.770 евра.
Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.
Денеска (23.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) иницираше заеднички акции со Инспекторатот на Град Скопје и МВР со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар
Во подножјето на планината Кожуф, во ридестиот предел над браната „Топлик“ кај Гевгелија, попладнево избувна пожар кој сè уште е активен, потврдија од Територијалната противпожарна единица Гевгелија
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишен жител на селото Ѓурчевиште за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар
Поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, Основното јавно обвиителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица, како соизвршители, кои од непознато лице на 10 мај во тетовското село Камењане набавиле наркотична дрога хероин со намера да ја препродадат на уживатели во Гостивар и околината
Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13:50 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Р.М., поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“ за што денеска му е поднесена соодветна кривична пријава до тетовското ОЈО
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 241 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции