Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.
На 07.12.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.С.(33) од с.Љубин, скопско, пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица од обезбедување во казино во трговски центар во Скопје.
На 18.10.2020 во Радовиш, пред куќата на М.Ф., се одржувала семејна веселба. При преземање на мерки, полициски службеници констатирале дека сите пријавени постапиле спротивно на прописите и наредбите предвидени од страна на Владата за време на пандемија.
Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврди за МИА, портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Изгоре возило во кое започнал пожар во моторот додека било во движење вечерва на регионалниот пат Тетово-Јажинце на делот кај селото Одри. Повредени лица нема.
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода денеска во 13 часот го приведоа Д.М.(28) кој се барал со потерница од Кривичен суд Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.
И.Р. ќе биде предаден на казнено поправна установа
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 37-годишен скопјанец, кој во ноември годинава извршил пет тешки кражби
Во селото Копаница, скопско вчера патничко возило „опел калибра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(20), од Копаница, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди