На 23.06.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, додека Ф.Б.(37) и неговиот колега Х.М.(35), двајцата од Скопје, вршеле контрола на возните билети, биле физички нападнати од три лица, при што бил употребен и тврд предмет.
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 21.30 часот кога биле поставени нови тегови. Се работи на расчистување на случајот.
Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава.
На 23.06.2021, полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од с.Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто
Вчеравечер (23/24.06.2021) од 20.00 часот до 01.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 66 возачи
Двете лица се приведени во Полициска станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции
Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, откако кај него биле откриени непријавени 17.770 евра.
Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.
Денеска (23.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.