Вкупно 410 возачи се санкционирани за брзо возење во зајакната акциска контрола на територијата на целата држава што денеска ја спроведе Министерството за внатрешни работи.
На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш.
На 17.05.2021 во 14.15 часот полициски службеници од Сeктор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потраги, на подрачјето на Катланово го лишиле од слобода Б.А.(41) од скопски Петровец, баран по распишана централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор.
ОВР Кичево до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.А. (42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“
Тројца дебрани ја прекршиле забраната за движење од 24 до 4 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава
Несекојдневен случај на насилно однесување и физички напад е пријавен во тетовската полиција од страна на малолетничка од Скопје
Во текот на вчерашниот ден (16.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 93 возачи
Од 00.00 часот до 04.00 часот (17.05.2021) констатирано е дека 16 лица не ја почитувале забраната за движење
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага за 32-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на дрога
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“