По повеќечасовно убедување и преземање мерки попладнево околу 18 часот полицијата го лиши од слобода Д.Г. од селото Вељуса, откако денеска во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Саудиска Арабија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.
Мрежите ќе бидат предадени на инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Голема материјална штета предизвикал пожарот што ноќеска избувнал во ловечката куќа во месноста Пашаџиково на падините на Осоговските Планини, при што целосно ја оштетил кровната конструкција, а се проширил и на горниот кат.
Денеска(04.05.2021), полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово.
Тетовската полиција во текот на продолжениот викенд одзела неколку автомобили и мотоцикли кои биле модифицирани и предвидени за диви трки низ градските улици и локалните патишта.
На 04.05.2021 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(30) од Куманово затоа што на 03.05.2021 околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет
Припадници на Одделението за внатрешни работи од Дебар вчера во напуштен објект откриле и заплениле четири вреќи со марихуана
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 57-годишен жител на село Здуње, за кој постои основано соменине дека сторил кривично дело „Неовласетно производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Полицајци вчера на автопатот Тетово-Гостивар привеле жител на Скопје поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок