Во текот на изминатото деноноќие (03/04.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 636 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 03.03.2021 во 20.00 часот во Градски парк во Скопје при продажба на марихуана се приведени три лица, улични дилери
Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана
Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Кривична пријава против сопственик на угостителски објект во Велес, кој работел по дозволеното време и во него се затекнати гости.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за определување краткотраен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин.